Кристијано Роналдо: Многу сум интелигентен и немам мани

|

Можете да не го сакате, но морате да го почитувате, бидејќи она што Кристијано Роналдо го прави веќе со години не е плод на талент, туку макотрпна работа.

Португалецот од Јувентус постави стандарди кога станува збор за физичката подготвеност кај фудбалерите. И не е секако само до тоа, човекот просто е фудбалски генијалец. Многу е свесен за тоа, па во интервју за DAZN на прашањето за своите вредности и мани, мошне отворено вели:

„Многу сум интелигентен и немам мани. Секогаш сум професионалец“, дециден е Роналдо.

Вистина, делот за професионализмот е апсолутно точен. Впрочем, кога говори за најголемиот успех во кариерата, а самиот вели дека тоа е освојување на Европското првенство со Португалија, открива дека може да се опие и од една чаша шампањско.

„Тоа ми е најважниот трофеј во кариерата. Оној кој го освоив со репрезентацијата. Европски првак со Португалија. Се смеев, плачев… Се опив по натпреварот. Плачево толку што на крајот дехидрирав. А се напив само една чаша шампањско и ме потфати малку. Вистина е. Во главно не пијам, но тоа беше посебна вечер“.

Ако зборуваме за неговиот најубав гол, тука нема дилеми, ножичките во дресот на Реал, токму против неговиот сегашен клуб Јувентус.

„Посебен гол, на посебен стадион, против посебен тим. И публиката ми аплаудираше. Посебна вечер“.