Кристијано Роналдо сака да ги пронајде жените кои му давале да јаде кога немал пари

ИЗВОРНов Лист
|

Кристијано Роналдо во емотивно интервју изјави дека сака да ги пронајде жените кои му помагале и му давале да јаде во моментите кога немал пари.

Тој јавно заплака и покажа емоции кон својот татко кој не го познавал многу добро, а кој во видео снимката го пофали, фудбалерот.

Роналдо сето тоа го открил во интервјуто за емисијата „Good Morning Britain“, па ги повикал луѓето да му помогнат да ги пронајде жените кои му помогнале да не остане гладен во моментите кога немал да си купи храна.

„Имав 12 години и немав пари. Живеев со други играчи на мои години од другите делови на Португалија. Ми беше многу тешко без семејството. Се сеќавам дека таму имаше „Мекдоналс“ од каде што добивавме остатоци од хамбургери кои не можеа да ги продадат. Во него работеше една жена, се викаше Една и уште две девојки. Се надевам дека луѓето ќе ми помогнат да ја пронајдам. Сакам да ги повикам во Лисабон и Торино на вечера и да им се оддолжам за сè она што направија за мене. Никогаш нема да ги заборавам“ – изјавил Роналдо.

Кристијано Роналдо во истото интервју се расплака откако Пирс Морган му ја покажа снимката од неговиот татко кој не го видел.

Во тоа видео неговиот татко упатуваше убави зборови кој Кристијао и кажуваше колку многу е горд на него.

Роналдо имал 20 години кога неговиот татко починал на 53 години поради откажување на џигерот предизвикано од алкохол.

Инаку Роналдо е роден во Сан Педро, Фуншал на португалскиот остров Мадеира. Пораснал во палатата Фуншал во Санто Антонио, со мајка му Марија Долореш дош Сантош Авеиро и татко му Жозе Диниш Авеиро (починал во 2005 поради проблеми со алкохолизмот).

Името Кристијано се должи на христијанската вера на мајката, додека второто име, Роналдо, го добил во чест на Роналд Реган, омилен актер на таткото и претседател на САД во тоа време. Кристијано има еден постар брат Уго (роден 1975), и две сестри, Елма (родена 1974) и Лилијана Катија (родена 1976).

Во јули 2010 година Роналдо станал татко на своето прво дете, но одлучил да не го открие името на мајката и да го преземе ексклузивниот надзор врз детето.

Во јануари 2015 година, Роналдо објавил дека неговата петгодишни врска со рускиот модел Ирина Шајк завршила. На 8 јуни 2017 година, тој станал татко на близнаци, момче и девојче, родени од сурогат мајка. На 12 ноември 2017 година, се родила и ќерката Алана Мартина, од страна на Георгина Родригес, неговата партнерка од 2016 година.

Во 2016 година, во неговиот роден град Фуншал бил отворен музеј кој целосно е посветен на неговата кариера.

Тој е заштитно лице на различни компании, вклучувајќи ги и Clear, Џорџо Армани и Најк. Тој, исто така, се појавил и на насловната страна на неколку видео-игри како PES 2008, PES 2012, PES 2013 и FIFA 18. Во септември 2015 го претставил својот парфем наречен Cristiano Ronaldo Legacy.