Кристина Димитриевска повторно невеста: Убавицата блеска во венчаница

|

Кристина Димитриевска во јавноста позната како поранешната сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски, веднаш после самиот развод е доста популарна во медиумите.

По професија манекенка, но се проба и во музичките води, помалку успешна во тој дел но затоа успешно чекори во модниот свет.

Токму како модел Кристина облече бел невистински фустан, а веднаш на социјалните мрежи се пофали како изгледа во венчаница. Дали можеби овој невистински фустан ќе и донесе повеќе среќа на Димитриевска, па можеби повторно ќе каже „ДА“ останува да видиме.

За потсетување, Кристина и Даниел од бракот го имаат малиот Давид кој оваа година ќе наполни три години, а како што „несудената невеста“ објасни, заедно ќе му го слават третиот роденден на синчето.