Ламборџини со дуо од соништата

|

Еден за на вода и еден за на копно: Ламборџини го лансира хиперавтомобилот „Sian Roadster“ со 808 КС – модел кој го инспирираше новиот глисер со огромна сила од 4000 (четири илјади) КС.

Милијардери, Инстаграм деца на богати и секој друг со заштеда од 6 милиони фунти во банка сега може да има Ламборџини за копно и за вода кои меѓусебно одговараат.

Додека многу бизниси беа затворени од кризата, посакуваниот италијански производител на супер автомобили беше зафатен, започнувајќи не само супер јахта, туку и нов хипер автомобил што го инспирираше дизајнот на бродот.

Овој најнов модел во арсеналот на производителот на возила е „Sian Roadster“ со хибриден погон V12 мотор и 808 КС, максимална брзина од 350 км/ч  и исто како и неговиот „брат близнак“ глисер, е без покрив.

Ќе се произведат само 19 автомобили, сите со отворен кокпит, и ќе чинат околу 3,7 милиони американски долари (3 милиони фунти), што е гласина за цената откриена минатата година.

Но, нема потреба да проверувате дали имате доволно пари на сметка, бидејќи сите 19 парчиња од овој авомобил се претходно нарачани и платени од страна на неколкумина добро финансиски потковани фанови на Ламборџини, и на кои веќе им е претставено ова екстремно возило.

Во срцето на „Sian Roadster“ е суровиот 6,5-литарски V12 на Lamborghini – моторот што се користи во „Aventador“.
Како и да е, за оваа креација со ограничено издание, предвидени се вентили од титаниум и нов издувен систем со што е засилена моќноста на моторот до 774 КС, што е прилично добро зголемување на силата од стандардните 740 КС на „Авентадор С“.

За дополнителен удар на моќност, „Sian Roadster“ добива дополнителен електричен мотор вграден во менувачот за да го зголеми вкупниот излез на моќност на страшни 808 КС. Овој автомобил оди од 0 до 100км/ч за 2,9 секунди и да постигне максимална брзина од фрапантни 350км/ч.

„Sian Roadster го одразува духот на Lamborghini “, објасни шефот на компанијата Стефано Доменикали.

Голем дел од стајлингот на „Sian Roadster“ е превземен при дизајнирањето на јахтата.
Додека новиот „Sian Roadster“ добива еден V12 мотор, суперјахтата добива два V12- со зафатнина од 24-литри и со комбинирано производство на моќност од 3.945 КС (4000 КС).

Најголема брзина за јахтата се тврди дека е над 60 јазли, што значи во превод околу 120км/ч, а првиот примерок ќе биде доставен следната година.

Се очекува цената да биде над 3,4 милиони долари (2,7 милиони фунти), што го прави бродот поевтин од автомобилот на кој се базира, доколку извештаите за прашањето на цената на „Сијан Роадстер“ се точни.

Ако сакавте да поседувате „хиперкар“ стилски усогласен со вашиот „хиперјахт“ вкотвен во локалното пристаниште, комбинираната цена за поседување на двете „играчки“ е околу 6 милиони фунти.