Летна манџа на 3 начина: Ова е рецептот за вистинско летно уживање

ИЗВОРНов Лист
|

Постојат многу начини на кои можете да приготвите летна манџа. Најчестата комбинација се пиперки и домати, но тоа не значи дека не можете да додадете и ориз, јајца, сирење и многу други зеленчуци. Пробајте ги овие три рецепта за летна манџа и одберете го вашиот омилен!

Рецепт број 1

Состојки: 1/2 кг пиперка 1/2 кг домати 2 поголеми главици кромид 2 чешниња лук 2 јајца врзоп магдонос сол, бибер и зачини по вкус Приготвување: Кромидот се динста на малку масло, па се додава лукот и пиперката, а потоа и доматот. Кога сето тоа ќе биде готово, се додаваат јајца и зачини.

Совет: Со ваквата летна манџа, задолжително се јаде бело сирење и палента.

Рецепт број 2

Состојки: 3 поголеми главици кромид 1/2 кг пиперка 1 кг домати 1 поголем модар патлиџан 2 дланки ориз сол, бибер, оригано, масло.

Приготвување: На масло се динста кромидот, па се додава пиперката. Кога пиперката ќе омекне, се додава модриот патлиџан, излупен и исечкан на коцки, а по 5 минути се додава и доматот исечкан на коцки. Сето тоа се динста 20-на минути, а потоа во смесата се додава измиениот ориз. Температурата се намалува на минимум, па се остава летната манџа да се крчка уште 5 минути, но поклопена со капак. Додајте сол, бибер и оригано, па промешајте.

Совет: Со ваква летна манџа се јадат домашни колбаси.

Рецепт број 3

Состојки: 1 главица кромид 1/2 кг пиперка 1/2 кг домати 1 луто пиперче сол и бибер Приготвување: Се динста кромидот на малку масло, се додава пиперка и лути пиперче, домати, и сето тоа се крчка неколку минути. Потоа, се тргнува од рингла и летната манџа се послужува чорбеста со коцки препечен леб.

Ние ги пробавме сите три рецепта и не можеме да одлучиме кој ни се допаѓа најмногу! Пробајте и вие, па споделете го вашето мислење или испратете ни го вашиот омилен рецепт за незаменливата летна манџа.