Лила со најава – еве кога започнува новата сезона на „Се или нешто“

|

Кризата не само што ни наметна една нова нормалност, туку и го промени нашите навики, активности, односно нашето секојдневие и однесување.
Многубројни емисии беа стопирани а меѓу нив и снимањата на еден од најпопуларните квизови кај нас „Се или нешто“.

Убавата водителка Лила Филиповска имаше продолжен одмор, па таа го искористи времето да прави работи за кои кажа дека немала време да ги прави кога е турбо со обрврските и снимањата.
Од неодамна откако заврши со долгиот одмор и непредвидливата пауза, Лила се конечно се врати во студио на снимањата на „Се или нешто“.

Новата сезона се снима во полн ек, а еден од фановите на социјалните мрежи ја праша Филиповска кога започнуваат со емитување новите емисии од најновата сезона.
„Значи…Официјално стартот на „Се или нешто“ е утрееее во 18ч. Ветувам одлична забавааааа“, напиша водителката.

Вечерва започнува новото продолжение на квизот, а дали некој ќе има среќа и ќе го освои милионот останува да видиме во претстоојниот период.