Љубовната приказна на Балашевиќ – „Кога ќе ми најдете поубава жена од Оља, ќе се потрудам да и… напишам песна“

ИЗВОРНов Лист
|

Ѓорѓе Балашевиќ на сопругата и посветил лично две песни, од кои едната го носи нејзиното име – „Оливера“, а другата е насловена „Уникатна“. Во нив има толку многу убави емоции, оние што може да ги искаже само заљубен човек.

Ѓоле ја запознал Оливера Савиќ во 1979 година. Средбата со неа била како на филм, односно во неговиот случај – чиста поезија.

Се верува дека неговиот живот ја добил својата суштина и форма токму откако ја запознал својата сопруга Оливера Савиќ. Била многу сиромашна и живеела со нејзината мајка во тешки услови. За разлика од неа, Ѓоле бил разгалено дете чии родители биле во странство, а на 18-годишна возраст му било дозволено да живее сам и да вози автомобил. Кога се сретнале, веднаш се скарале за животните принципи. Таа го освоила кога го замолила да и ја причува шнолата додека оди да плива изведувајќи салто што им го одземало здивот на мажите на плажата.

„Таа, исто како и во мојата песна, дојде тивко, непоканета, сама … и остана со мене засекогаш. Таа беше сиромашна студентка од студентскиот дом, член на гимнастичката екипа… Не бевме разделени повеќе од два дена од првиот состанок, освен кога имав концерти далеку од градот во кој живеевме. Кога ќе одам некаде без неа, ќе помислев: „Боже, што да правам, ми недостасува тоа суштество“, рече Ѓорѓе.

Тие се заведуваа еден со друг, освојуваа, градеа љубов, а потоа следувало запросувањето. Кога отишол на одмор во Умаг, сфатил дека му недостасува и ја повикал од рецепцијата во хотелот и ја прашал дали ќе се омажи за него?

„Види, дали ти би се омажила за мене?“ Почнав да се смеам како луда, мислејќи дека е тоа уште една негова шега. Така тој доби смеењее наместо одговор. Следното утро некој sвони на врата. Отворам – Ѓоле“, раскажа Олиевра Балашевиќ пред неколку години.

Тие се венчаа и добија три деца, Јелена, Јована и Алекса.Имаат и внуци, од нивната ќерка Јована и зетот Александар Јовановиќ кои имаат две ќерки. Сите овие години останаа заедно во љубов, онаква е како што таа треба да изгледа.

За прв пат ја видел својата ќерка Јована кога имала еден месец бидејќи тој бил во војска и не смеел да ја преминува границата, а Оливера се породила во Будимпешта.

Имаше некои две девојки во видокруг и тогаш им реков: „Дали овие две риби се подобри од мојата сопруга? Не се! И што би се нафрлал сега јас на нив? Кога ќе ми најдете поубава жена од Оља, ќе се потрудам… да и напишам песна“!

„Можеби би бил посреќен да имав грда сопруга“ – низ смеење еднаш прокоментира Ѓоле. „Секако дека не. Напишав во една песна – мојата љубовница, соборец и мој најдобар другар. Тоа е приказната. Убавината никогаш не ми досади, туку некако да се навикнав на неа.