Луѓето не престануваат да го коментираат танцот на Џастин Тимберлејк: „Пијан татко на скара“

ИЗВОРНов Лист
|

Џастин Тимберлејк минатата недела настапи на фестивалот Something in the Water во Вашингтон како гостин на сетот на Фарел Вилијамс. Тимберлејк на настапот изведе смешен и прилично незгоден танц кој стана вирален, а за кој подоцна се извини.

Непредвидливото скокање на Тимберлејк и мавтањето со нозете и рацете прилично ги забавуваше фановите на социјалните мрежи. Еден корисник се потруди да го монтира непријатниот звук што патиките понекогаш го произведуваат во контакт со подот.

И самиот пејач не остана имун на овие забелешки, па со соопштение се извини за танцот. „Би сакал да ви се извинам поради две причини“, го започна своето обраќање пејачот, а потоа покажа на неговите стапала.
Видеото од танцот на Џастин можете да го погледнете со клик ТУКА.