Македонците во Данска за прв пат го одбележаа празникот Водици

ИЗВОРKурир
|

Македонците кои живеат во Данска за прв пат оваа година го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици со фрлање на крстот во водите на Балтичкото море во Копенхаген.

Од 17 млади луѓе кои учествуваа во чинот, до крстот прв успеа да стигне Јордан Велиновски.

Одбележувањето на празникот Водици започна со одржување на богослужба во македонската црква во Копенхаген од страна на отец Димче Ставроски, а потоа се упатија на кејот на морето каде се изврши и чинот на фрлањето на крстот.

Одбележувањето на празникот беше во организација на Македонската Православна Црква – ОА Општина „Св. Климент Охридски“ во Копенхаген и на Македонците кои живеат во Данска.

Денес, пред бројните присутни на Bellevue Strand, Klampenborg, се одржа традиционалното фрлање на крстот по повод големиот празник Водици. Од десетина млади луѓе кои учествуваа во чинот, до крстот прв успеа да стигне Јордан Велиновски. Среќа и благослов, за многу години!

Gepostet von Мпц Данска am Samstag, 19. Januar 2019