Македонија учесник во кампања за подигање на свеста за измами при плаќање на интернет

ИЗВОРНов Лист
|

Кампањата за подигање на свеста за измами е заедничко партнерство на органите надлежни за спроведување на законот, трговските субјекти и финансискиот сектор, за справување со организирани криминални групи кои вршат лажни купувања на интернет, притоа предизвикувајќи значителни финансиски загуби.

Преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, Министерството за внатрешни работи, во соработка со Европол и „Стопанска Банка“ АД Скопје, се вклучени во оваа кампања, во која органите за спроведување на законот од Австрија, Колумбија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Малта, Северна Македонија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Соединетите Американски Држави се здружија со Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол и Советот заштита на трговците од ризик (Merchant Risk Council) за да споделат практичен совет како да се надмудрат криминалците кои се обидуваат да го злоупотребат купувањето преку интернет.

Фокусот на кампањата годинава е на е-трговците, помагајќи им подобро да откријат измама на нивните платформи и оспособувајќи ги да преземат чекори за заштита на својот бизнис и на клиентите од вакви напади.