Малку ви здосадила работата со која се бавите, слободното време искористете го конструктивно – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Задоволни сте со себе и сатисфакција ви е работата која ја обавувате. Вашите идеи и проекти се доста добри и можат да наидат на општо одобрување. Љубовната ситуација може да биде нарушена со погрешни проценки. Задоволни сте со својот изглед.

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе добиете неочекуван прилив на енергија, па искористете го на вистински начин. Обидете се сите познанства да ги претворите во пријателства бидејќи можат многу да ви се најдат во иднина. Можна е појава на аритмија.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Од деловниот состанок ќе добиете корисен совет. Мечтаете за љубовни романси. Можно е познанство кое би можело да прерасне во нешто посериозно. Ви се препорачува систематски преглед.

Рак (22.06 – 22.07)

Се мислите што да правите. Немате идеја и план како да дејствувате. Некако сте разочарани од случувањата и немате мотив за да започнете со нешто. Во односот со партнерот владее незадоволство. Здравјето е добро.

Лав (23.07 – 22.08)

Воздржувајте се од коментари кои можат да ви го расипат угледот. Можни се некои навреди од страна на колегите кои не ги сакате. Немојте да се навредите, сепак тие добро ви мислат и затоа искрено разговараат со вас. Препорачливо е да се ставите на диета.

Девица (23.08 – 22.09)

Не пропуштајте ниедна деловна шанса која ќе ви биде понудена. На љубовен план има некоја незаинтересираност од ваша страна бидејќи во моментов сте заинтересирани само за работата. Чувајте се од можна алергија на храна.

Вага (23.09 – 22.10)

Малку ви здосадила работата со која се бавите. Слободното време искористете го конструктивно, посветете му се на семејството во кое ќе дојде до позитивен пресврт. Имате поддршка од страна на партнерот во се. Можни се кардиоваскуларни проблеми.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе ви биде замерено што не сте заинтересирани тимски да ги обавите работите. Ќе бидете приморани да се одлучите што ќе работите во љубовта и за што да се одлучите. На здравствен план се можни мали осцилации на крвниот притисок.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ви се препорачува внимание на работа. Внимавајте на луѓето кои ве опкружуваат за да не се разочарате и со нив разговарајте на одредена дистанца. Партнерот добронамерно ќе ве критикува, а вие ќе бидете тврдоглави. Можна е болка во коските.

Јарец (22.12 – 20.01)

Не треба лесно да го прифатите советот од еден Овен. Паричната ситуација не е на завидно ниво. Љубовната ситуација ќе ви донесе неочекуван пресврт каде партнерот ќе ви пружи повеќе внимание и нежност. Здравствената ситуација е добра и стабилна.

Водолија (21.01 – 19.02)

Не ве очекуваат значајни промени, поради што ви се препорачува да одите на некаков краток одмор. Можноста за романтични патувања искористете ја максимално. Чувајте се од крадци и паричникот чувајте го на сигурно место. Можни се мали невролошки проблеми.

Риби (20.02 – 20.03)

Ви се овозможува прилика лесно да заработите. Имате зголемена желба за емоционално задоволство и мир. Вашата самотија повеќе не ви е потребна, па така доста време ќе потрошите за да ја промените оваа ситуација. Можна е забоболка.