Маск го престигна Бил Гејтс на листата на најбогати

ИЗВОРНов Лист
|

Според листата на милијардери на Блумберг, која беше објавена вчера, Американскиот претприемач Илон Маск го престигна основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс и, сега тој е втор најбогат човек на планетава. Неговото вкупно богатство изнесува 127,9 милијарди долари.

Неговото богатство се должи на акциите на производителот на електромобили Тесла, што се накачија за 6,5 отсто, богатството на Маск за еден ден се зголеми за 7,2 милијарди долари. Од почетокот на годината, 49-годишникот е побогат за 100,3 милијарди долари. Индексот на милијардери во Блумберг е дневно рангирање на најбогатите луѓе во светот. Со богатство од околу 182 милијарди долари, сопственикот на Амазон, Џеф Безос е на врвот на тој список. Во меѓувреме, Гејтс неодамна стигна до 127,7 милијарди долари. Неговото богатство би било значително поголемо доколку тој не донира пари.

Листата на Блумберг се разликува од таа на Форбс заради тоа што во своите проценки користи јавно достапни податоци, како што се акции, недвижнини, уметнички дела и други луксузни добра, освен паричните средства.На листата на Форбс, Маск е моментално на четвртото место.