Министерот Спасовски со важен апел до граѓаните

|

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски упати апел до граѓаните уште сега да ги проверат своите патни исправи, ако имаат потреба да ги менуваат, тоа да го сторат сега, за да се избегнат летните гужви.

-2021 во бројки: Изработени лични карти – 321.216. Изработени пасоши – 346.773

За периодот 01.01.2021-31.12.2021 имаме зголемен број на барања за пасош, односно досегашниот просек по месец изнесува 18.000-24.000 барања.

МВР во континуитет изработуваше лични документи во периодот 05.07.2021 до 31.12.2021: Пасоши – 203.442. Лични карти – 167.558

Бројките покажуваат дека капацитетите се користени до максимум, со двосменско работење и за време на викенди, соопшти министерот за внатрешни работи.