Type to search

Д-р Чадиковски денеска и официјално го раскина договорот со болницата на Жан Митрев


Република

Д-р Чадиковски денеска и официјално го раскина договорот со болницата на Жан Митрев

Share


Владимир Чадиковски денеска и официјално го раскинал договорот за работа со болницата на Жан Митрев. Според информации на Сител, оставки поднеле уште двајца анестезиолози а деновиве ќе им се придружат и останатите лекари и сестри од тимот, кои во февруари преминаа кај Митрев напуштајќи ја клиниката за Детска хирургија.

И после три дена откако пропадна проектот за детска кардиохирургија по само 6 месеци функционирање, надлежните без прецизни одговори кој ќе прави операции на срце кај бебиња во болницата на Жан Митрев, кога Чадиковски е единствен лиценциран детски кардиохирург во државата.


Побаравме дополнителни одговори и од Фондот за здравствнео осигурување колку операции кај бебиња се направени во приватната болница додека работеше тимот на чело со Чадиковски и колку пари од фондовската каса за тој период биле рпефрлени кај Жан Митрев? Прецизен одговор не добивме, туку само податок дека биле третирани 55 пациенти до 18 годишна возраст.


-Оваа бројка не е конечна бидејќи согласно Упатството за фактурирање, здравствената установа има право во рок од 3 месеци до Фондот да ги фактурира извршените здравствени услуги. Напомнуваме дека наведениот број на изведени операции е на ниво на здравствена установа, а не по лекар, стои во одоговорот од ФЗОМ.

Неисполнување на условите кои биле ветени пред склучување на договорот се причините за заминување на тимот за детска кардиохирургија. Официјално, зошто Чадиковски ја напушти болницата ќе се знае на почетокот на идната недела.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *