Type to search

За наградата „Антево перо“ може да се конкурира до 25 август


Култура

За наградата „Антево перо“ може да се конкурира до 25 август

Share


До 25 август е отворен Конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ востановена во чест на творештвото на Анте Поповски, која се доделува за необјавена поетска книга на македонски јазик.

1. Наградата „Антево перо“ за 2019 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис).


2. На Конкурсот можат да се јават сите автори кои имаат необјавена збирка поезија на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот „стаж“ или државата во која живеат.


3. Наградата се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата, и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.

4. Книгата ќе биде квалитетно претставена и промовирана со посебен осврт од наш истакнат литературен творец во рамките на самата манифестација.


5. Кандидатите треба своите ракописи да ги достават во електронска форма, во pdf или word формат на електронската адреса: antevopero@gmail.com, заклучно со 25 август 2019 година.

6. Кандидатите можат ракописот да го достават под свое име и презиме, или под шифра. Во вториов случај, авторството го докажуваат со копија од ракописот, по објавувањето на резултатите.

7. Кандидатите не мора да го чекаат последниот рок, затоа што Комисијата ќе ги прегледува пристигнатите поетски збирки сукцесивно, онака како што пристигнуваат.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *