Type to search

Каде исчезна Камерон Дијаз?: “Актерството воопшто не ми недостасува”


Шоубиз

Каде исчезна Камерон Дијаз?: “Актерството воопшто не ми недостасува”

Share


Последниот филм на Камерон Дијаз излезе уште во 2014 година, а славната актерка сега признала дека таа професија воопшто не ѝ недостасува.

Во чест на 25-годишнината од магазинот “InStyle”, ѕвездата дала интервју во кое зборувала за претходните насловни страници за магазинот, причините поради кои се повлекла од јавниот живот, но и за низа други теми.


Во 2013 година започнала да се дистанцира од актерството и наместо тоа, се префрлила на пишување. Истата година, Камерон го издала бестселерот “The Body Book”, а три години подоцна, издала уште една книга – “The Longevity Book” во која открива трикови за грациозно стареење.


Во поглед на приватниот живот, Дијаз во 2015 година се венчала за Бенџи Маден, член на бендот “Good Charlotte”, а судејќи според неименуван извор, таа оттогаш се чувствува многу подобро.


Во своето интервју за “InStyle”, Камерон изјавила дека “бракот со него е нешто најдобро што ѝ се случило”.

“Мојот сопруг е најдобар. Тој е прекрасно човечко суштество”, изјавила актерката.

46-годишната Дијаз вели и дека моментално актерството не ѝ недостасува, туку се чувствува исполнето и сака да има време за себе. Но, тоа не значи дека веќе го видовме последното од неа – таа признала дека сака да се реорганизира така што во центарот на вниманието ќе се врати со нешто околу кое е страствена.



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *