Type to search

Поради жештините, делумна забрана за движење во шума


Република

Поради жештините, делумна забрана за движење во шума

Share


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воведе делумна забрана за движење во шума, во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“. Одлуката е донесена со оглед на зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор заради високите температури кои се најавуваат во летниот период.

ЈП „Национални шуми“ апелира до сите граѓани на РС Македонија, на исклучително внимание при движење во шума и избегнување на сите активности што можат да предизвикаат пожар.


И покрај тоа што грижата за шумите треба да биде длабоко врежана во свеста на секој граѓанин, се апелира да реагира според сопствената совест, со што ќе придонесе во заштитата и зачувувањето на животната средина што се цел и императив на работењето на ЈП Национални шуми.


Забраната започнува да важи од 08.08.2019 година, и тоа за периодот од 06:00 до 20:00 часот и ќе трае се до нејзиното отповикување.

Од ЈП „Национални шуми“ укажуваат дека најчест причинител за појава на шумски пожар (во 99% од случаите) е човекот, додека громот и самозапалувањето како причина за настанување на пожар учествуваат само со 1%. Пожари предизвикани од човекот може да бидат намерни-подметнати пожари и ненамерни-од невнимание при палење на стрништа, палење пасишта, фрлени опушоци, сообраќајна незгода, искра од алат при работа, искра од ел.далеководи, приготвување скара во шума, палење логорски оган, палење депонии и друго.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *