Type to search

Претседателот на полскиот Парламент поднесува оставка поради скандал


Свет

Претседателот на полскиот Парламент поднесува оставка поради скандал

Share


ЕВРОПАПретседателот на полскиот Парламент поднесува оставка поради скандалОбјавено пред 2 минути – 8 август, 2019Од Макфакс

Претседателот на полскиот парламент Марек Кучински ја објави својата оставка во петокот, откако изби скандал околу тврдењата дека тој и членовите на неговото семејство премногу често користеле владини авиони.


Аферата може да го наруши угледот на владејачката десничарска партија Закон и правда пред парламентарните избори во октомври.


Кучински ја објави својата оставка во присуство на лидерот на партијата Јарослав Качински, пренесува АП.

Кучински инсистираше на тоа дека тој не сторил ништо лошо и дека едноставно многу летал за да се сретне со жителите на малите градови далеку од главниот град Варшава.


Тој објасни дека поднесува оставка затоа што јавното мнение ги оценува неговите постапки во негативно светло.

Во фокусот на полската политичка сцена со денови беше аферата наречена „Ер Куцински“.

Откриено е дека претседателот на парламентот летал со владин авион од Варшава до неговиот роден град Жешов, оддалечен околу 280 километри.

Во еден случај, неговата сопруга, наводно, била единствената патничка во авионот.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *