МНР: Продолжува потрагата на грчките служби по исчезнаниот Македонец

ИЗВОРНов Лист
|

Продолжија активностите на грчките служби во текот на денешниот ден за потрагата по исчезнатиот македонски државјанин во Грција. Вклучени во потрагата беа грчката крајбрежна стража и бројни локални волонтери.

Во текот на вечерните часови, во Грција пристигна и мајката на исчезнатиот граѓанин М.Ј., пречекана од Генералниот конзул во Солун, кој продолжува одблиску да комуницира со грчките надлежни авторитети и е на располагање за секаква потребна асистенција.

Последните информации од службите се дека потрагата ќе продолжи утре наутро, штом условите ќе го дозволат тоа, стои во соопштението од министерството за надворешни работи.