Моќта на сугестијата е многу моќна работа – поучна приказна која ќе ви покаже како да победите во животот

ИЗВОРНов Лист
|

Во денешно време се почесто слушаме дека потсвеста е многу моќна работа, како и дека моќта на силната сугестија може да направи неверојатни работи. Токму поради неа огромен број на луѓе се излечиле и од најтешките болести, парализирани луѓе станале од своите колички и милиони го промениле својот живот. Ова е приказна која ќе ви ја покаже токму моќта на добрата сугестија!

Иако имал десет пати помалку војници од противникот, големиот воин донел одлука да ги нападне непријателите. Знаел дека ќе победи, ама знаел и дека неговите војници се сомневаат во успехот.

Застанал кај еден храм и им рекол на своите соборци: „Откако ќе го посетам храмот ќе фрлам паричка, ако падне глава ќе победиме, ако падне петка – ќе загубиме. Во рацете на судбината сме.“

Воинот влегол во храмот и се помолил молчешкум. Потоа излегол и ја фрлил високо паричката. Паднало глава. Војниците се наостриле за бојот, кој го добиле без голема мака.

„Никој не може да ја промени волјата на судбината“ – му рекол неговиот помошник по големата битка.

„Навистина не може“ – рекол воинот, покажувајќи ја паричката на која од двете страни имало глава.