Овен (21.03 – 20.04)
Можеби е денес денот да смените некои однесувања од кои зависите и да пронајдете ваш израз кој ќе ве промовира како човек со сопствен интегритет и мислења, а не само како некој кој ги следи зацртаните и очекуваните параметри на средината.
Бик (21.04 – 21.05)
Постои можност да бидете малку нерасположени и плачливи без некоја посебна причина. Всушност вас ве совладуваат емоциите и не можете да приметите дека работата одлично ви оди.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Може да бидете многу успешни во работата која од вас бара способност некого да го убедите во нешто, можно е да станува збор за приватен проект или за некоја работа која би можела да биде добро платена во соработка со странци.
Рак (22.06 – 22.07)
Денес расположението и емоциите на луѓето околу вас ќе имаат огромно влијание на тоа како се чувствувате и како се однесувате. Лесно ќе ве расплаче нечија тажна приказна или пак ќе ве „зарази“ нечија позитивна еуфорија. Па, внимателно избирајте со кого ќе го поминете денот.
Лав (23.07 – 22.08)
Бидете подготвени да влезете во некаков бизнис аранжман со некоја Водолија ако таа ви вети добри услови за работа. Прилично сте нервозни и недоволно подготвени да се прилагодите на некого. Се чувствувате одговорни дека мора да ги исполните ветувањата кои сте и ги дале на некоја личност која на вас ви е многу драга.
Девица (23.08 – 22.09)
Наметнете се со своите идеи, но немојте да бидете нападни, само така ќе успеете. Ослободете се од напнатоста и нервозата, тоа може сериозно да влијае на вашето зравје. Вложете во образованието.
Вага (23.09 – 22.10)
Планирате како да ги инвестирате парите во работата и дали тоа ќе ви се исплати. Некој ќе ги исполни вашите желби, и тоа треба да го цените, особено ако станува збор за некој Лав, Јарец или Шкорпија кои поради вас ќе направат некои големи отстапки.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не се чудете ако денеска чувствувате потреба за свој простор. Колку и да уживате во друштво на други луѓе, потребно ви е време само за вас. Обидете се денеска да работите сами, а ако не сте во можност, тогаш секако после работа, тргнете се од сите и одете сами на прошетка.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Се наоѓате во интензивен период во кој изобилувате со енергија, шарм и оптимизам. Но, ќе се однесувате неконтролирано во трошењето пари, а тоа ќе резултира со долгови што ќе ги исплатувате многу подолго од моментното задоволство.
Јарец (22.12 – 20.01)
Инсистирате на сопственото гледање на нештата во својата работна средина, а таквото однесување ќе резултира со конфликт со соработниците. Полека, но сигурно доаѓаат крупни деловни промени, така што немате причина за грижа.
Водолија (21.01 – 19.02)
Многу разни емотивни состојби можат да ве обземат во текот на следните неколку дена, но истите ќе се обидете на својствен начин да ги скриете и да не ги покажувате пред другите иако може и да не успеете во тоа, па да имате некаква емотивна ерупција или испад.
Риби (20.02 – 20.03)
Месечината во Вага и Сатурн ве прави премногу подготвени и упорни да се борите за она за кое сметате дека ви припаѓа. Би требало да бидете подготвени да се прилагодите на барањата на деловниот партнер.