Надал повторно во полуфиналето после 5 годишна пауза

ИЗВОРНов Лист
|

Рафаел Надал, познатиот шпански тенисер го совлада Гркот Стефанос Циципас во последниот натпревар од групата на завршниот турнир во Лондон со 6:4, 4:6, 6:2 и се пласира во полуфиналето каде ќе ги одмери силите со русинот Данил Медведев.

Надал со оваа победа не само што успеа да се пласира во полуфиналето,каде што последен пат ираше во 2015 година, туку и го елиминираше бранителот на титулата.

Како што изјави Рафаел Надал: Мислам дека подолго време играв добро. Малку ме потресе губењето на вториот сет, но брзо успеав да се соземам и да продолжам да играм најдобро што можам. Можам да кажам дека ова беше многу позитивен меч за мене. Многу сум возбуден што повторно сум во полуфиналето, тоа е многу важна работа за мене.

Во второто полуфинале на турнирот ќе играат Австриецот Доминик Тим и победникот од другата група кој ќе се одржи меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ и Германецот Александар Зверев.