Најдебелото дете на светот драстично ослабе: Тежеше 192 килограми

ИЗВОРновлист
|

Арја Пермана има 14 години. Тој постојано јадел само нездрава храна. Не одел на училиште затоа што одењето било сериозен предизвик за него. Тежел 192 килограми и ја доби титулата на најдебело дете во светот.

„Тој за еден оброк јадел тоа што јаделе најмалку две возрасни лица. Секогаш бил уморен и не можел ни да дише како што треба. Само јадел и спиел или со часови се капел во базенот“, сведочат неговите соседи.

Како поминувале деновиве, работата станала сериозна. Еден лекар му дал сериозна диета која се базирала на овошје и зеленчук. Исто така морал и повеќе да се движи, да тренира, да плива и за точно 4 месеци успеал да намали дури 9 килограми.

Неговите родители постојано биле загрижени за здравјето на нивниот син. Мајката на Арја вели дека тој понекогаш чувствува глад, но стокамот едноставно не може да прими храна како порано.

Досега Арја успеа да намали дури 108 килограми, а наскоро го очекува затегнување на кожата што виси.

Во продолжение погледнете го видеото: