Најдобриот рецепт за вкусно и сочно трилече

ИЗВОРНов Лист
|

Сочно, меко и кремасто и одличен спој на млечен колач со карамел прелив. Познатиот десерт Трилече нема човек што не го обожава, но сепак домашно подготвениот е највкусен, затоа треба да го знаете оригиналниот рецепт!

Потребни состојки: 1 печиво, 5 јајца, 250 г шеќер, 300 г брашно, 1 л млеко, 1л слатка павлака и 500 г карамел.

Начин на подготовка: Изматете ги пенасто јајцата со шеќерот, па додадете ги брашното и печивото. Префрлете ја смесата во намрсен и набрашнет плех (30х22). Печете на 180 С околу половина час. Оставете го пандишанот целосно да се излади. На пандишанот направете дупчиња со вилушка, па додајте ги стоплените слатка павлака и млеко.

На крај премачкајте готов или домашен карамел прелив. Доколку сакате поинтересна декорација изматете околу 50 мл слатка павлака. Сервирајте веднаш или најубаво да отстои најмалку 2 часа убаво да впие сè и убаво да се излади.