НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: ОД ЗАПАД ДОАЃААТ НОВИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – ДЕТАЛИ

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот и во вечерните часови во западните предели ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до околу 18 степени.

Потоа утре и во сабота ќе имаме претежно облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени. Во најтоплите предели истите има услови да се искачат и до околу 18 степени. Стабилизирање на времето и пораст на температурите на воздухот се очекува од недела.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.