НАЈСИЛНИОТ ТОПЛОТЕН БРАН КАЈ НАС ВО ПОСЛЕДНАТА ДЕЦЕНИЈА: ПОНАТАМУ МОЖНИ СЕ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 46°C

ИЗВОРНов Лист
|

Нашата територија, но и цела југоисточна Европа се наоѓа под влијание на ЕКСТРЕМНО ТОПЛА воздушна маса од југ (северните предели на Африка). Овој воедно е најсилниот топлотен бран кај нас во последната деценија.

За време на продолжениот викенд, како и во текот на следната седмица останува сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО, повремено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец и истиот повремено ќе засилува.

Особено изразен ветер ќе имаме во понеделник, особено од пладневните часови па натаму и истиот ќе биде доста врел.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, не се исклучува можноста во најтоплите предели истите да се искачат дури и до околу 46 степени, особено во понеделник. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).

И понатаму во следните денови од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена и со намалена видливост.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.