Направила само една промена во својата исхрана, па ослабнала неверојатни 30 килограми

ИЗВОРНов Лист
|

Жена која ослабнала неверојатни 30 килограми открива како сега изгледа нејзината исхрана.

Британката Ребека Формостоун (23), со години носела корсети за да го сокрие вишокот килограми во пределот на стомакот, а потоа решила да го смени начинот на својата исхрана.

Благодарение на една диета успеала да изгуби дури 30 килограми.

Ребека од 2018-та година нема проблеми со вишокот килограми, поради неправилната исхрана која што се состоела од благи работи и грицки.

За да ги намали масните наслаги на стомакот, младата девојка почнала да носи корсети кои што биле причина за болка и непријатност.

„Купив корсет за затегнување и обликување на фигурата затоа што ми рекоа дека ќе им даде форма на моите облини.

Го носев два-три пати неделно, кога ќе одев во ресторан или на прошетка со пријателите, но ми беше многу непријатно“ – изјавила девојката.

Тогаш слушнала за популарната кето диета која што бил нејзиниот последен обид за да ослабне.

Направила само една промена во исхраната, почнала да го намалува внесувањето на јаглените хидрати и да внесува повеќе здрави масти во својата исхрана, како риба и јаткасти плодови.

„За една седмица веќе ослабнав 4 килограми и бев изненадена од резултатите затоа што претходните диети не ми помагаа. Сега имам самодоверба и конечно се чувствувам онака како што сакам“.

За само два месеци таа изгубила 12 килограми, а по две години таа изгледа целосно неверојатно.

Нејзината исхрана изгледа вака: Доручек: Јајца со сланина или тост со крем сирењe. Ручек: Тортиља со шунка и сирење. Вечера: Месо и зеленчук. Ужина: Темно чоколадо, малку јагоди или сирење