Народна банка распиша тендер за десетденарки со новото име на државава

ИЗВОРСкопје24
|

Народна банка на Република Македонија распиша тендер за набавка на книжни пари изработени од полимер со апоенска вредност од 10 денари.

Во тендерската документција се вели дека дизајнот вклучува и промена на името Народна банка на Македонија во Народна банка на Република Северна Македонија, како и дека НБРМ се менува во НБРСМ секаде каде што се споменува на парите.

Критериум за доделување на договорот е најниската цена, а понудите ќе се отвараат на 15 мај.

Кога станува збор за промена на називите на институциите кои во себе го содржат името Република Македонија, договорот е јасен, пред нив мора да има придавка Северна. Во овој дел најсензитивно е прашањето за АРМ, кое е кратенка од Армија на Република Македонија.. Како ќе биде нејзиното именување во иднина, одговор засега нема..