Не личи на себе: Обожавателите на Бред Пит се во неверување (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Еден од најпосакуваните холивудски актери Бред Пит се појави на насловната страница на магазинот GQ, но фотографиите не предизвикаа ентузијазам во јавноста.

Напротив, и најверните фанови се согласија дека актерот не личи на себе. Направил „чудна поза“, фотографијата има „чудни бои“, а што е најлошо, многумина истакнале дека му „фали сандак“.

Бред Пит во едно интервју откри дека го оставил алкохолот по раскинувањето со Анџелина Џоли и дека бил трезен цели шест години. Тој откри дека една и пол година присуствувал на состаноците за анонимни алкохоличари и како се променил неговиот живот.

– Ги видов и животните приказни на други луѓе кои го допреа дното и тоа е едноставно ужасно за мене – рекол актерот.

На овие фотографии Бред позираше во сина кошула и виолетови панталони, а изгледа како да лежи на цвеќе. Се подразбира дека неговите обожаватели се згрозени, па мрежите се преплавени со негативни коментари.

– „Што е ова? Да не изгуби некој облог?“, „Ужасна фотографија“, „Ова ме исплаши. Изгледа како леш.“ „Размислете за промена на насловната страница“ се само некои од стотиците коментари под објавата.