Не можеме повторно да го изневериме Скопје-изјави Тања Фајон

ИЗВОРНов Лист
|

Словенечката европратеничка Тања Фајон за белградскиот весник „Данас“, изјави дека, Eвропската унија не може повторно да ја изневери Северна Македонија, која повеќе пати потврди дека за неа нема алтернатива на патот кон ЕУ и на добрососедските односи со Бугарија.

Фајон, која е претседател на Комитетот за стабилизација и асоцијација на Европскиот парламент вели: Не можеме повторно да ги изневериме. Ние мора да најдеме решение со Бугарија во духот на дијалогот и да ја вратиме нивната доверба во овој процес. Земјите членки имаат уште една можност да одлучат до крајот на годината и да ја отворат вратата на ЕУ за нашите пријатели од Северна Македонија, бидејќи тие тоа го заслужија.

Според неа, бугарското вето за преговарачката рамка со земјава предизвикало разочарување не само кај „народот на Северна Македонија, чија иднина очигледно е во Европската Унија, туку и кај Европскиот парламент, кој останува силен поддржувач и сојузник на Северна Македонија“.