Неделен хороскоп 23.05.2022 до 29.05.2022

|

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Активни сте на деловниот план бидејќи сте свесни дека многу нешта зависат исклучиво од вас. Но сепак најдете и малку време за одмор.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта ве очекуваат убави случувања со лицето кое ви е драго.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Поволен период доколку се занимавате со некоја уметничка работа. Ќе сакате да избегате од обврските и успешно ќе го направите тоа.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација ќе биде интересна, ќе сакате постојано да бидете со партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со циркулацијата.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Пред вас е одличен период во кој нема да имате многу деловни обврски и убаво ќе се одморите.

ЉУБОВ: На полето на љубовта ве очекуваат интересни случувања со Бик или Девица.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со видот.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Лесно ќе ги обавувате сите деловни обврски и ќе немате речиси никако притисок и стрес.

ЉУБОВ: Слободните можат да очекуваат интересно познанство на некоја поголема забава.

ЗДРАВЈЕ: Можни се болки во грбот, во вид на вкочанетост.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Периодот е поволен за соработка со странство или некоја поголема компанија. Не спијте, активирајте се.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација ќе ви биде возбудлива, слободните ги очекуваат нови познанства.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со нервниот систем, посоветувајте се со лекар.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Финансиската ситуација значително ќе ви се поправи и ќе бидете многу задоволни поради тоа. Ќе се одлучите да ги почастите колегите.

ЉУБОВ: Слободните ги очекува нова врска, а оние во врска или брак ќе имаат мали недоразбирања со партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со мочниот меур или јајниците.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Немате многу сила па деловните обврски ќе му ги препуштите на деловниот партнер. Ќе одлучите малку да одморите.

ЉУБОВ: Оваа недела ве очекува сосема одличен однос со саканото лице. Приредете му слатко изненадување.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте, можни се скршеници.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Цела недела постојано ќе се грижите поради финансиските ограничувања кои се појавиле. Олабавете малку.

ЉУБОВ: На ова поле ве очекува сосема стабилна ситуација, без било какви компликации.

ЗДРАВЈЕ: Ослободете се од вишокот килограми.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Ве очекуваат голем број на деловни обврски но тоа не ви претставува оптеретување бидејќи го сакате она што го работите.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација е прилично непроменета, нема нови поважни случувања.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на внесот на витамини и минерали.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Исклучително поволен период за почеток на некои нови проекти. Ќе уживате во соработката со професионалци.

ЉУБОВ: Ве очекува интересна и страствена ситуација со саканото лице

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со крвниот притисок.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Пред вас е мирен период во кој без многу стрес ќе ги обавувате вашите секојдневни обврски. Ќе забележите успех.

ЉУБОВ: Слободните може да очекуваат почеток на сериозна врска. Оние во врска или брак ги очекува среќна вест.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Ве очекува интересна деловна недела во која ќе постигнете успех и ќе бидете наградени.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација ќе ви биде возбудлива, слободните ќе запознаат прекрасно лице, а оние во врска или брак ќе го зачинат односот со повеќе емоции и некои интересни нешта.

ЗДРАВЈЕ: Водете сметка за исхраната, можни проблеми и со белите дробови.