Необична зоолошка градина во Кина: Луѓето во, животните вон кафез

ИЗВОРновлист
|

Доколку и вие сте една од оние личности кои не преферираат зоолошки градини бидејќи не сакате да ги гледате животните во затворени простории, тогаш оваа идеја без сомнеж многу ќе ви се допадне.

Зоолошката градина во Кина дошла до идеја на интересен начин да ги доближи луѓето до дивиот свет. Станува збор за зоолошката Лехе Леду, каде што дивите мачки и другите животни, како мечките, слободно шетаат во просторот, додека посетителите се движат во затворено комбе . На овој начин, луѓето имаат можност да го видат дивиот свет одблизу, без да чувствуваат жал за животните.

„Ние сакаме на нашите посетители да им ја овозможиме возбудата која доаѓа вели Чен Ланг.

На комбето има закачено парчиња месо кои се заврзани за надворешноста со цел да ги привлечат животните. Зад решетките луѓето се целосно заштитени. Исто така има и мали отвори на врвот, низ кои луѓето можат да им понудат храна на овие егзотични животни.

Според Чен Ланг, сите посетители се предупредени да ги држат прстите и рацете во внатрешноста на кафезот, бидејќи гладниот тигар не би можел да направи разлика помеѓу нив и својот појадок.

Зоолошката градина секојдневно станува сè попопуларна. Откако била отворена, во 2015 година, сите билети се продаваат по 3 месеци однапред. Изгледа дека луѓето сепак преферираат да ги гледаат животните како слободно шетаат во нивната природна средина.

„Ова не може да се доживее во обичната зоолошка градина“, вели еден од посетителите.