Новак Ѓоковиќ се подготвува за првиот сериозен турнир во 2022 година (ВИДЕО)

ИЗВОРНов Лист
|

Новак Ѓоковиќ се подготвува за првиот сериозен турнир во 2022 година.

Откако Франција ги олесни мерките, првиот тенисер на светот без ограничувања пристигна во Монте Карло и ги започна подготовките за Мастерсот што ќе се одржи од 11 април.

Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави кратко видео од тренинзите на терените каде се игра турнирот.Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.

Во Монте Карло нема да присуствуваат повредените Рафаел Надал и Данило Медведев.

Ѓоковиќ годинава одигра само три меча и тоа во Дубаи (ги победи Музети и Хачанов, загуби од Весели), откако не му беше дозволено да настапи на Австралија опен и Мастерсот во Индијан Велс и Мајами.