Нови цени на горивата од полноќ

|

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата да се зголемат во просек за 1.53%, односно истите да бидат поскапи за 0,5 до 1 денар.

Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продаваат поскапо за 0,50 денар за литар односно новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 63,50 ден/лит, додека пак новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 53,00 денари за литар.

Цената на горивата Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар по литар и со тоа новите цени ќе изнесуваат, за Еуросупер БС-95 61,50 денари за литар, додека за Еуродизел (Д-Е V) 53,50 денари за литар гориво.

Цената на мазутот М-1 НС во малопродажба нема ќе изнесува 26,585 ден/кг.

Овие цени ќе почнат да важат од полноќ се до идниот понеделник.