Нови мерки: Водно ќе биде затворено за движење после 18 часот, редарска служба во маркетите

ИЗВОРСкопје24
|

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашното гостување на телевизија Телма најави нови мерки на Владата во борба за корона вирусот.

-Го затвораме Водно од 18 часот до 7 часот наутро. Доколку објекти се издаваат за организрање журки, кривично ќе бидат гонети сопствениците, а сите што биле во објектот ќе бидат гонети и сместени во изолација. Маркетите и супермаркетите да воспостават редарска служба што ќе дозволува само одреден број да влезат внатре, а оние што чекаат надвор да бидат на два метри одалеченост, најави Спасовски.

– Од следната недела ќе треба да почнат со работа пунктови за тестирање во рамки на Здравствениот дом во Скопје за да се опфатат поголем број граѓани со оглед на тоа што веќе има локална трансмисија во градот, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

– Целта е да се стигне до сите првични контакти затоа што тоа се најризичните луѓе кои можат да се во највисок процент за*азени и да ја шират за*азата. Тоа ќе биде целта и на дополнителното тестирање кое сакаме да го почнеме од почетокот на следната недела. Значи да се прошири на дел од асимтоматските пациенти кои се во најризичните групи. Затоа е многу важна свеста на граѓаните посебно на оние кои биле во контакт или оние знаат дека можеби се во ризична група. Сметам дека тоа е исклучително важен дел во целиот систем, нагласи Филипче.

Додаде дека постојат случаи кога граѓаните не ги почитуваат мерките на самоизолација, но како што рече тоа ќе биде најстрого санкционирано.