Од утре јавниот превоз ќе функционира по нов возен ред

|

Од утре, согласно Одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје, јавниот превоз ќе функционира по делничен, зимен возен ред.

Како што информира ЈСП „Скопје“, во сообраќај ќе бидат вклучени зголемен број возила во споредба со изминатите речиси три месеци.

Возниот ред е достапен на веб страницата www.jsp.com.mk

ЈСП Скопје исто така информира дека од утре, односно четврток (1.09.2022 год) ќе почне да функционира нова линија, „111“ (Сарај – Радуша). Почетна/крајна постојка во Сарај ќе биде на постојката на последна линија „2“, а во Радуша почетна/крајна постојка ќе биде сред село.

Автобуси на линија „111“ ќе сообраќаат од понеделник до петок, по следниов возен ред :
Сарај : 5.35 ч, 7.05 ч, 11.10 ч, 13.40 ч, 15.20 ч и 19.30,
Радуша: 6.15 ч, 7.55 ч, 12 ч, 14.30 ч, 16.10 ч и 20.20 ч.

Линијата се воведува по барање на локалното население, а по изготвената анализа на терен која укажа дека барањето е основано, односно исполнети се сите услови за воведување нова линија на посочената релација согласно критериумите од Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје.

Новата линија значително ќе ја подобри поврзаноста на населеното место Радуша со Сарај и жителите на Радуша ќе добијат редовен превоз.