ОД УТРЕ ПОПЛАДНЕ ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА И ОПАСНОСТ ОД ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ – ДЕТАЛИ

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурата ќе се движи во интервалот од 32 до 40 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 37 степени.

Потоа утре како и за време на викендот во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Температурите ќе се намалат за неколку степени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.