ОД УТРЕ СЛЕДУВААТ ПРЕКРАСНИ ДЕНОВИ – ЌЕ ИМА МНОГУ СОНЦЕ А МАКСИМАЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ БИДАТ ВО ПОРАСТ

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО со повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец. Кон крајот на денов ќе има намалување на облачноста и стабилизирање на времето. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за слаб локален дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Кон крајот на денов ќе има намалувње на облачноста и стабилизирање на времето. Максималната температура ќе се искачи до околу 20 степени.

Потоа за време на викендот, како и во првите денови од следната седмица, под влијание на стабилна и сува воздушна маса времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Наутро ќе биде постудено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат и до близу 0 степени, додека максималните дневни ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.