Омиленото одморалиште на Македонците во Грција врие од медузи овие денови, еве на што да внимавате (ФОТО)

|

На Фејсбук групата „На одмор во Грција“ се појави статус во кој една Македонка која е во моментов таму споделува искуство од плажите на Полихроно.

Имено во објавата на Фејсбук пишува дека на ова туристичко место вриело од медузи.

„Вчера 30-09 Полихроно вриеше од медузи… Утрото имаше само неколку, попладнето како да им стасаа цели фамилии 😁😁😁 ..

Во морето кај да се свртиш ги имаше, а приквечерината веќе излегуваа и на брег.

За жал повеќе од 20 извадија надвор и ги уб иваа. Не знам како беше денес ама дојдоа да не испратат сигурно нас вчера 😁😄

А не знам и колку се опа сни овој вид, бидејќи еден човек ги фаќаше одозгора на мазниот дел ги превртуваше обратно и ги враќаше во длабокото“, стои во постот на Фејсбук.