Откријте какво ВРЕМЕ ќе имаме ОВАА седмица: Метео прогноза до 9. април

ИЗВОРНов Лист
|

Повторно се менува времето во Македонија.

Според Попоски на планините, и на некои повисоки места, повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

– Посвежо време ќе се задржи и во првите денови од следната недела, додека во текот на следната недела исто така времето се задржува променливо со повремени локални врнежи од дожд. Барем отсега гледано, поинтензивни врнежи и посвежо време повторно ќе имаме за време на следниот викенд, кога на планините повторно ќе има услови за врнежи од снег, вели Попоски.

Минималните температури речиси насекаде ќе бидат позитивни, односно над нулата, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 23 степени, додека малку посвежо останува во западните предели – објаснува Попоски.