Ова се градовите кои најмногу зависат од туристите – нивната економија во последниве години е во пораст

|

„WTTC“ објавил извештај за туризам од 73 градови од светот и неговото влијание на нивната економија.

После Макао и Даблин, Дубровник на тој список е третиот град на светот по зависност од потрошувачката на странските туристи со удел од 95.7 отсто.

Четвртиот град по интензитет на туристичкиот промет е Лас Вегас.

73-те градови во извештајот претставуваат околу една четвртина од директниот глобален БДП во туризмот, директно генерализирајќи повеќе од 17 милиони работни места во секторот што претставува 5.7 отсто од сите работни места во градовите.

Извештајот покажал дека градовите во споредба со останатиот дел од туризмот, во поголема мера се држат до странските гости чија потрошувачка е 45 отсто од туристичката потрошувачка во тие градови во споредба со 29 отсто од уделот на туризмот генерално.

Хонг Конг забележал најголема меѓународна потрошувачка од посетителите во 2018-та година во износ од 44 милијарди долари додека пак Дубаи минатата година заработил 28 милијарди долари од страските туристи.

Приходот од туристите во градовите од лани пораснал за 3.9 отсто повеќе од вкупниот економски раст од три отсто.

Два брзорастечки градови лани биле Истанбул и Анталија со повеќе од 15 отсто раст, потоа Москва со речиси 14 отсто раст благодарение на светското првенство кое им донело 20 отсто повеќе приходи од странските гости.