„Најдобриот опис за 2020 година“ -Мајка го фотографираше својот син на третиот училишен ден

|

Дел од децата кои посетуваат учење на далечина, во другите драви каде веќе е започната училипшната година – веќе е уморен од училиште. Виртуелното учење е тешко, а за некои е исцрпувачко и досадно.

Мама на три деца во Аризона, Кара Мекдауел, совршено ја опиша битката што ја водат многу деца со фотографија од нивниот шестгодишен син Греам. На фотографијата се гледа момче пред компјутер, на третиот ден од новата учебна година, на настава што се одвива на далечина.

„Моето дете е одлично расположено по 40-минутен видео повик“, се пошегува таа и ги освои симпатиите на многу родители кои гледаат слични сцени во нивниот дом секој ден.

Фотографијата, пак, стана меме со натпис: „Ова е најдобриот опис за 2020 година“.