Летниот избор за релаксација на Каролина Гочева ова лето (фото)

|

Оваа година поради кризата и прилично затворените граници, излегувањето од државата за ова лето 2020-то е ограничено.

Граѓаните одлучија ова лето својот одмор и релаксација да ги поминат на домашен терен во Македонија. Најчесто се посетуваа Охрид , Дојран и Маврово. А често мета на домашните туристи беа и Берово, Шар Планина и другите места за алтернативен туризам во нашата држава.

Многу често по социјалните мрежи се постираа слики од изминати години, од уживање покрај море. И нашата поп-ѕвезда Каролина Гочева, беше дел од тие што постираа слики од годишни одмори од претходни години на кои си поминале убаво.

Според неа, еден од поубавите такви одмори е одморот на Миконос.

Оваа година, Каролина како и повеќето, одморот го минува во Охрид. Таа откри дека овие денови се наоѓа покрај охридското езето, па објави снимки од Св. Наум и фотографии од природата.

Да се недеваме дека ова ќе биде единственото вакво лето, па во иднина здрави и живи ќе можеме слободно да се движиме и уживаме како порано.