Хороскопскиот знак на кој припаѓаме има свои карактеристични особини, некои се доблести, некои се маани.
Иако не треба да го сфаќаме ова премногу сериозно, ако забележите дека некои особини се поклопуваат со вашите, а не сте многу задоволни од нив, поработете на себе за да го подобрите своето однесување.
Припадниците на овие хороскопски знаци важат за луѓе кои ги обожаваат парите и за нив материјалната сигурност е на прво место.
Тоа не мора да значи дека е лошо – тие се амбициозни и вредни, но исто така знаат да бидат и дарежливи. Но, не помислувајте дека се расфрлаат со пари.
БИК
Биковите ги ценат парите, особено ако макотрпно ги заработиле. Работат напорно и вредно и кога ќе заработат доволно сакаат да си дозволат поголеми луксузи. Иако секогаш се подготвени да помогнат, не сакаат да позајмуваат пари на други, па ако ги замолите за позајмица бидете подготвени да ве прашаат за што точно ви требаат парите. Најголема маана им е што понекогаш мислат дека со материјалната сигурност си купиле среќа, но тој впечаток кратко трае.
ЛАВ
Луѓето родени во овој знак од мали сонуваат да живеат во богатство и раскош. Ако има знак кој не знае за доста, тоа е Лавот. Обожаваат да купуваат и да инвестираат, како и да живеат на висока нога. Немаат проблем со позајмување и подарување пари, но знаат да бидат и нечувствителни кога се во прашање материјалните работи. За среќа, не се плашат, ни срамат од каква било работа и би работеле и неколку работи за да живеат на она ниво кое си го замислиле. Хедонисти се, па секогаш во стекнатото богатство уживаат со најблиските .
ЈАРЕЦ
Јарците ги ценат парите и сѐ друго што поседуваат повеќе од било што и не можат ни да замислат да останат без својот имот. Вредни се и напорно работат на остварување на своите соништа, вклучувајќи ги и финансиските. Не се алчни и знаат колку им е доволно за удобен живот, но ја имаат истата маана како Биковите – понекогаш мислат дека со поседувањето скапи работи постигнале некаква цел. Немаат проблем да позајмат пари некому, но премногу се горди да побараат заем.