Пандев во дилема дали да се пензионира или да игра уште една сезона за Парма

ИЗВОРНов Лист
|

Горан Пандев потенцираше во неколку наврати дека за него ова е последна сезона во кариерата. Но, тој сега планира да игра уште една. Пандев и наредната година сака да го носи дресот на Парма и да го врати тимот во Серија А.

Италијанските медиуми објавија дека 38-годишниот Пандев е во дилема дали да продолжи да игра фудбал уште една година или да оди во пензија. Потсетување дека тој ја заврши репрезентативната кариера лани по завршувањето на Европското првенство на кое дебитираше Македонија.

Останува да се види дали тој и во наредната сезона ќе игра професионален фудбал, или пак ќе ја заврши кариерата.