Патувате за Србија преку Косово? Носете ги овие документи за да не ве вратат назад

ИЗВОРНов лист
|

Викендов повеќе од 50-тина возила на македонски државјани биле вратени од страна на српската полиција на граничниот премин Мердаре помеѓу Косово и Србија, пишува Слободен печат.

Причината за ваквата реакција на полициските службеници била тоа што тие не го признавале печатот на косовската полиција во пасошите на нашите државјани, па на патниците кои сакале да го минат преминот им велеле дека не може да влезат со патна исправа. Влез им бил дозволен само со лична карта, но поради тоа што повеќето за децата немале никаков друг докумет, освен пасош, морале да се вратат и да влезат во Србија преку Табановце.

– По новиот автопат преку Косово стигнавме многу брзо до граничниот премин Мердаре каде имаше 1,5 километри колона. По четири часа чекање, од косовска страна те пуштаат во ред, ама српскиот граничар вика мора да ве вратиме зошто ова не е граничен премин туку контролен пункт. Службеникот рече може да ве пуштиме вас со лични карти, ама децата немаат лични карти. Во пасош не може да ви удриме печат на контролен пункт. Значи за косовска полиција е граница за српска не е, а тоа е под еден кров „Оне стоп“ – вели една револтирана читателка на Слободен печат.

Таа додава дека по четири часа чекање, на крај морале да се вратат и преку Табановце да го продолжат своето патување.

Целиот текст прочитајте го на Слободен печат ТУКА.