Пленат со поглед: Најубавите луѓе на светот се родени во овој хороскопски знак

|

Некои астролошки истражувања покажуваат дека најатрактивните луѓе се раѓаат во знакот на Вага, од 23 септември до 22 октомври.

Владетел на овој знак е Венера, планетата на љубовта, па затоа Вагата зрачи со убавината на оваа најмоќна сила. Вагите имаат романтична природа и се меѓу најбалансираните и најхармоничните знаци на Зодијакот.

Тие имаат многу хармоничен распоред на цртите на лицето, се карактеризираат со симетрија на лицето и одлична фигура. Нивното лице е претежно овално, и во никој случај не е грубо и остро. Тоа е привлечно, а носот обично е со вообичаен изглед и големина.

Усните – сензуални, полни, заводливи. Очи – потемни или посветли, но секогаш загадочни и длабоки. Коса – мека, но бујна.

Тие фаќаат и освојуваат на прв поглед. Тоа го знаат сите што се имаат заљубено во нив по еден поглед и две и пол реченици муабет.