Побрз е од мене: Вели со сигурност атлетичарот Усеин Болт

ИЗВОРНов Лист
|

Усеин Болт, кој е осумкратен шампион на спринтерски трки, одговори на прашањето поставено од Шпанските новинари: „Кој би победил на трката доколку се одржи сега – Болт или напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо?

– Ќе победи Кристијано, велам со сигурност. Затоа што тој сè уште работи со полн капацитет. Го сметам за супер-спортист, тој е секогаш на врвот. Работи напорно секој ден, секогаш фокусиран. Мислам дека сега е побрз од мене – рече Болт.

Инаку, пред три години, атлетичарот од Јамајка имаше неуспешен обид да започне професионална фудбалска кариера.