Погледнете кој ќе ја претставува Македонија годинава на Евровизија

ИЗВОРновлист
|

Македонскиот претставник на овогодишната Евровизија во Холандија ќе биде пејачот Васил Гарванлиев.

Васил е одамна познат на македонската публика. На само седум години го испеа познатиот детски евергрин „Марионка“ на фестивалот „Златно славејче“.

На 12 годишна возраст се преселува во САД. Таму станува дел од светски познатиот детски хор во Чикаго. Негово образование по соло и оперско пеење го стекнува на некои од најпрестижните музички школи во светот вклучувајќи ги „Академијата Лирика“ во Милано, престижниот Кралски Консерваториум и Оперската Школа при Универзитетот на Торонто во Канада.

Неговиот огромен талент го препознале и голем број на светски и музички ѕвезди меѓу кои се Celine Dion, Chance the Rapper и YoYo Ma. Исто така има настапувано заедно со Drake и Nelly Furtado.

Во 2018та година, Васил одлучува да се врати во Македонија. На сцената се врати со песната „Ѓердан“, а неодамна го промовира и спотот за „Моја улица“. Минатата година беше дел од евровизискиот тим во Израел како придружен вокал на Тамара.