Полицијата во Охрид со полни раце работа поради „наплив“ на гости, дали се почитуваат мерките?

|

Охридската полиција ќе има полни раце работа викендов, пред се проверката дали охриѓани, но и оние кои допатуваа вчера во Охрид ги почитуваат мерките, како што се физичката дистанца и носењето заштитни маски. Камерата на ТВ21 во живо разговараше со Стефан Димовски од СВР Охрид.

Инаку раздвижено беше денеска низ Охрид. Многу граѓани, особено од Скопје и околината, заминаа во овој град каде ќе го поминат продолжениот викенд, особено по одлуката на Владата за полициски час во главниот град. Во Охрид туристи како да е туристичка сезона, среде јули, а не почеток на јуни.

Од Јавното претпријатие за државни патишта потврдуваат дека околу 20.000 возила излегле од главниот град, а тоа се податоците до 19 часот од наплатните рампи на патарините.

На излезот од Скопје кон Куманово кај Миладиновци поминале 7.407 возила, а на излезот кон Велес, на наплатната станица Петровец поминале 4.541 возила.